Изградбата на патот Штип-Радовиш откри четири археолошки локалитети

by fokus 18:45
18:45

Изградбата на новиот експресен пат Штип-Радовиш откри четири археолошки локалитети. Директорот на Заводот за заштита на споменици и Музеј на град Штип, Митко Штерјов на денешната прес-конференција истакна дека тимот од археолози веќе е на терен и се почнати истражувањата на локалитетите, а низ кој поминува новата траса. Четирите археолошки  локалитетите се од праисторијата до средниот  век. Штерјов забележува дека за нив се од големо  значење.

– Карактеристични се два локалитетa. Едниот, е од таканaречниот хеленистички период, а другиот, од железнодобскиот период. Токму од нив, очекуваме да дадат артефакти, како одговори на повеќе непознаници од животот на населението од овој регион, како и археолошки придонес во обемната македонска архелошка карта на вредни пронајдоци, вели Штерјов.

- Advertisements -

Архолошките истражувања на трасата на новиот екпсрен пат Штип-Радовиш ќе чинат околу 100.000 евра и  ги обезбедува Владата. Археолозите на терен на овие четири локалитети ќе работат до крајот на август.

Поврзани новости