538
Советот и градоначалникот на Ѓорче Петров, Сокол Митровски изразија жалење за изгубениот млад живот, но и загриженост за подигнатите тензии, стои во соопштението на локалната самоуправа кое беше објавено вчера доцна во вечерта.
Од таму упатуваат апел до граѓаните на општината да се воздржаат од било какви активности спротивни на закон и да делуваат врз било какви изливи на насилство.
Се повикуваат надлежните институции на Република Македонија, а посебно Министерството за внатрешни работи , да ги превземаат сите неопходни мерки од нивна надлежност за враќање мирот и безбедноста, и заштита на животот и имотот на граѓаните.