Од општина Аеродром информираат дека надлежните органи работат на лоцирање на кучето што нападна шест лица синоќа меѓу булеварите АСНОМ и „Јане Сандански“.
„Град Скопје, со екипите на јавното претпријатие Комунална хигиена, веднаш по пријавувањето на инцидентот излегоа на терен. Според општинската евиденција, досега нема регистрирани пријави за агресивно куче со тој опис на конкретната локација. Случајот е пријавен во МВР“, наведуваат од општина Аеродром.
Претходно од Ургентното одделение изјавија за „Фокус“ дека девет лица кои биле нападнати од кучето побарале синоќа лекарска помош. Сите биле пуштени на домашно лекување затоа што не биле утврдени посериозни повреди. Оние кои не биле вакцинирани, на Инфективната клиника им била дадена тетанус вакцина.