Лиле Поповска на протест во Валандово: Владата го има решението за Казандол

by fokus

Пратеничката и претседателка на партијата ДОМ, Лилјана Поповска, одржа говор пред присутните на денешниот протест во Валандово против изградба на рудници во кој што рече дека Владата го има решениет за стопирање на изградбата на рудникот Казандол.

Според Поповска исполнети се сите услови Владата да го раскине договорот затоа што концесионерот го пробил рокот.

-Рокот е изминат до кога требаше концесионерот да ја изгради постројката. Владата има основ и право да го раскине договорот. Спасот на Казандол го имаат правниците во раце, чиста работа е. Владата и министерствата можат да го решат тој проблем – рече Поповска.

Што се однесува до другите рудници, според пратеничката, спасот е во измени на законот за заштита на животната средина и минералните суровини. Следната недела ДОМ ќе поднесе измени во законот со кои ќе се забрани употреба на сулфурна киселина и цијанидни раствори, според европски стандарди.

-Со оваа регулатива во Македонија ќе биде забрането опасна употреба на отрови. На тој начин никој нема да мора да плаќа никакви оштети, а тие кои плаќале концесии и правеле план да не трујат за своја заработка, ќе мора да си одат – порача таа.

Поврзани новости