Шпаркасе банка: Немаме индиции дека во кражбата на сефови е вклучено вработено лице

by fokus

Нема индиции дека во кражбата на сефови во Шпаркасе банка е вклучено лице кое било вработено во компанијата, велат од таму. Од банката додаваат дека истрагата е во тек и дека не можат да споделат повеќе информации.

„До сега немаме индикации и сознанија за вклученост на вработени лица од Банката во пријавените инциденти. Покрај постапката која ја водат надлежните органи, случајот се истражува и од страна на секторот за внатрешна ревизија на Банката. Клиентите се на прво место и ги преземаме сите активности во насока на ефикасно разрешување на пријавените инциденти“, посочуваат од таму.

Според неофицијални информации три лица се осомничени за празнењето на сефовите од трезорот на Шпаркасе банка. Наводно двајца од осомничените се странски државјани, а еден е Македонец.

Поврзани новости