По примерот на другите опозициски партии и Либералната партија се приклучува кон протестот за поддршка на Кежаровски.
„ЛП на Собранието му предложи закон за амнестија на Кежаровски, но таа единствена можност не доби широка поддршка не само од власта, туку и од некои тогашни опозициски пратеници. И тогаш и сега, тврдиме дека новинар не може да биде осуден и затворен за истражувачко новинарство. Да бидеме доследни и истрајни во барањето механизми за ослободување на Кежаровски и да ја поддржиме слободата на изразувањето и новинарската фела.“- се вели во соопштението на партијата.
Претходно и лидерот на НСДП, Тито Петковски повика во вторник сите граѓани да се постројат пред судот во одбрана на новинарството, слободата и демократијата.
На своите фејсбук профили многу опозицики политичари го најавуваат своето учевство на протестот. Се очекува да се појават и членови на најголемата опозициска партија СДСМ. Зад Кежаровски застанаа и многу невладини организации и граѓански здруженија.