Опозицијата се групира околу Заев и „бомбите“

by Фокус

ЛДП дава целосна поддршка на Заев во објавувањето на бомбата, беше истакнато на седницата на централниот одбор на оваа партија.

„Либерално Демократската Партија го свика овој Централен Одбор со цел да даде целосна поддршка на Зоран Заев, претседател на СДСМ да отпочне со постапката на обзнанување на материјалите со кои ќе се дознае начинот на владеење на оваа власт“, вели Горан Милевски, претседател на ЛДП.

На седницата присуствуваше и лидерот на СДСМ Заев, кој најави дека во понеделник ќе почне со објавување на бомбите за власта.

Претходно Централниот одбор на СДСМ едногласно ја донесе одлуката да започне објавувањето на „бомбата“, со што според нив, сите криминали на власта ќе излезат на виделина.

Сите членови на Централниот одбор во седиштето на СДСМ ја одобрија одлуката на претседателот Зоран Заев.  Тие го овластуваат раководството од понеделник да почне да ги објавува доказите за систематска злоупотреба, прислушување, лажирање на пописот и на изборите.

Поврзани новости