Нови штети од поплавите во Кумановско

by Фокус

Регионалниот Центар за управување со кризи соопшти дека поројните дождови на  излез од с. Доброшане према Светиниколски пат, предизвикале поголема количина на одрони каде веднаш се упатиле екипи на Македонија Пат за санирање и расчистување на патот.

Поројните дождови предизвикаа и опасност од поплавување на улицата Никола Тесла  на спој со улица Доне Божинов, како резултат на затнати шахти, каде дошло до големо завирување на вода.

Кај поранешниот АМС на ул. ЈНА, дошло до поплавување на  подруми на неколку објекти и неколку дворни места, додека во село Доброшане дошло до обилно излевање на отпадна вода од канациализационата шакта покрај мостот во с. Доброшане на р. Кумановка.

Реката Кумановка пак, се излеа во месноста Средорек, и поплави три семејни куќи. На терен се присутни екипите на ЛС Куманово и Одд.

Во селото Никуштак, вчера се удави седумгодишно момче откако го повлекла надојдената вода.

Поплавите во Македонија предизвикаа и штети по земјоделството при што многу површини со житарици, градинарски и овошни култури се комплетно уништени.

Поврзани новости