564
Пожар изби во погоните на четири фирми на улицата „Климент Охридски“ во Струмица, за што вчера било пријавено во СВР Струмица. Пожарот бил изгаснат од Противпожарната единица од Струмица.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Струмица и од Дирекцијата за заштита и спасување. За настанот е запознат и Јавен обвинител.