СЗО: Коронавирусот не се пренесува преку пратки од Кина

by fokus 17:44
17:44

Примачите на пратки и писма од Кина не се изложени на ризик од зараза од коронавирус, соопшти Светската здравствена организација на Твитер.

„Луѓето кои примаат пакети од Кина не се изложени на ризик од зараза од коронавирусот. Според последните анализи, вирусот не живее долго на површината на предметите, како што се писма или пакети, се наведува во соопштението.

Досега бројот на починати од коронавирусот достигна 259 луѓе, а речиси 12.000 лица се заразени низ светот.

- Advertising -

Поврзани новости