Возачот на автобусот пуштен на домашно лекување

by fokus

49-годишник со иницијали М.Т. од Гостивар е возачот што вчера управувал со автобусот на „Дурмо турс“, кој излета од патот Скопје-Тетово и се преврте, при што загинаа 14 лица.

Како што соопштија денеска од Градската општа болница „8 Септември“ возачот имал телесни повреди, но се наоѓал во стабилна здравствена состојба по што е пуштен на домашно лекување.

Од МВР вчера потврдија дека истражните органи извршиле разговор со него, но се уште не се познати причините за несреќата. Од јавното обвинителство велат дека увидот е во тек и дека со соопштение ќе излезат во текот на денот.

Инаку, 37 патници од автобусот биле примени со повреди во „8 Септември“, 8 биле примени на Скопските клиники, двајца во тетовската болница, а една патничка била хоспитализирана во стара градска болница.

 

Поврзани новости