Во извештајот на Обединетите нации е наведено дека во последните 20 години забележан е фрапантен раст на природните катастрофи и дека тоа е последица на климатската криза.
Согласно тоа, од ОН истакнуваат дека светот ќе стане „ненаселив пекол“ за милиони луѓе доколку тој проблем не го решат надлежните.
Истражувачите укажаа на неуспехот на политичките и бизнис лидерите да премезат значителни мерки за да се ублажи влијанието на климатските промени.
Како што наведоа, пандемијата од корона вирус, која однесе повеќе од милион животи на глобално ниво и зарази најмалку 37 милиони на светот, разоткри неуспех на речиси сите нации да го спречат бранот смрт и болести покрај константното повторување на предупредувањата од стручњаците.
Податоците говорат дека меѓу 200 и 2019 година, имало 7.348 големи природни катастрофи, вклучително и земјотреси, цинами и урагани, кои однеле 1,23 милиони животи и оставиле последици на 4,2 милијарди луѓе, а резултирале и со глобални економски губитоци од 2,97 билиони долари.
Како што е истакнато, тоа е речиси двојно повеќе од 4.212 катастрофи кои се забележани од 1980 до 1999 година, пренесе Кликс.ба.
Повеќето од тие катастрофи биле поврзани со климата, а истражувачите пријавија голем број поплави, бури, суши, жештини, урагани и шумски пожари во последните 20 години и дека тие во тој период значително се зголемиле.
Наглиот пораст накатастрофите е поврзан со растот на глобалните температури за кои научниците велат дека ја зголемуваат зачестеноста на екстремните временски прилики.
„Збунувачки е што свесно продолжуваме да го сеемсемето на сопственото уништување. Всушност, се е во начинот на управување, дооколку сакаме да ја спасиме планетата од сиромаштија, понатамошно губење на видовите и биодиверзитетот, експлозијата на урбан ризик и најлошите последици на глобалното загревање“, наведуваат од ОН.