ОН: Има докази за злосторства против човештвото извршени во Либија

by Fokus

Експертски тим собран од Обединетите нации (ОН) тврди дека има докази дека во таа земја се извршени злосторства против човештвото, вклучително и сексуално ропство, врз Либијците и мигрантите.

Тие тврдења беа изнесени во новиот извештај за мисијата формирана пред речиси три години од страна на Советот за човекови права на ОН, која се заснова на стотици интервјуа со луѓе, вклучително и мигранти и сведоци.

Инспекторите, исто така, ја критикуваа Европската унија за испраќање поддршка на либиските сили за кои велат дека „придонеле“ за злосторства против мигрантите и Либијците.

Либија е во длабока криза од бунтот во 2011 година, со кој беше соборен тогашниот претседател Моамер ел Гадафи.

Оттогаш, земјата е управувана од две ривалски влади.

Либија богата со нафта, исто така, стана доминантна транзитна точка за мигрантите кои бегаат во Европа во последниве години.

Активистите долго време го критикуваа лошиот третман на мигрантите во земјата, кои остануваат заглавени таму доколку не успеат да преминат во Европа, по море.

Поврзани новости