(ВИДЕО) Кадиров се обиде да ја покаже силата, па се посрамоти

by Fokus

На социјалните мрежи се појави видео од Рамзан Кадиров, на кое чеченскиот лидер ја демонстрира својата сила.

На клупа во јавен парк, Рамзан Кадиров крева навидум тешки тегови и длабоко воздивнува додека двајца луѓе го снимаат.

Секако, видеото набрзо стана вирално откако некои Украинци забележаа за каква тежина станува збор.

„Кадиров сакаше да ја `импресионира` публиката покажувајќи како на прв поглед крева голема тежина. Единственото нешто што го заборави е дека секоја тежина е само пет килограми. Вкупно 80 невпечатливи килограми! Каков Рамбо, нели?“, стои во описот на споделената снимка.

Набрзо имаше коментари за неа во кои ги коригираа изјавите од објавата и тврдеа дека овој политички моќник, сепак не е толку моќен.

„Има седум тегови од по пет килограми на секоја страна, што значи дека кренал вкупно 70 плус шипката, која во просек тежи 20. Значи, крева околу 90, што сепак е прилично слабо за `силен човек`”.

 

Поврзани новости