ОММ: Премиерот мисли дека младите се наивни и ќе гласаат за него

by Фокус

-Ние, младите од Обединети за Македонија (ОММ), следејќи ги одлуките на нелигитимната власт, дојдовме до заклучок дека Премиерот во заминување е подготвен на секакви отстпки од неговите претходни одлуки, мислејќи дека младите се наивни и слепо ќе го поддржат и дека гласот на следните избори ќе го дадат за ДПМНЕ, реагираат од ОММ на објавата на премиерот дека од идната годината студентите од државните универзитети ќе добијат бесплатен превоз.

Обединета младина за Македонија и порача на оваа, според нив, нелигитимна власт, дека младите не се наивни луѓе, а барањата на опозицијата одамна се искажани во врска со состојбата на младите во Република Македонија.

-Дали сега, кога се менува климата, ви текна на младите? Секој разумен човек ќе ја разбере позадинската слика на оваа одлука, велат од ООМ.

Поврзани новости