ЛДП: Мерните станици се набавени од владата на СДСМ и ЛДП

by Фокус

Од Либерално-демократската партија велат дека воопшто не се изненадени од обидите на ВМРО-ДПМНЕ да ја замајува јавноста со лаги и невистини за тоа како не се виновни што загадувањето на воздухот достигнува драматични размери, а тие не прават ништо тоа да се спречи.

-Вистината е на наша страна затоа што фактите говорат дека сите мерни станици, (со исклучок на една), кои работат во Р. Македонија, се набавени од владата на СДСМ и ЛДП, во периодот 2003-2006 година, кога на чело на Министерството за животна средина беа токму Љубомир Јанев и Зоран Шапуриќ од ЛДП. Благодарејќи на овие мерни станици, граѓаните денеска имаат податоци за тоа каков воздух дишат, се вели во демантот од ЛДП.

Според ЛДП, тоа што ВМРО-ДПМНЕ се фали дека распишала тендер за набавка на резервни делови за мерните станици е само тековна работа.

-Фактите говорат дека од 2004-та до 2006-та година во Македонија се донесени сите основни закони за заштита на животната средина: Законот за животна средина,Законот за квалитет на амбинеталниот воздух,Законот за заштита на природата, Законот за управување со отпадот, како и сите сите други законски и подзаконски акти, со кои се воспоставени еколошките стандарди и стандардите за квалитетот на воздухот, велат од ЛДП.

Поврзани новости