ОМД: Нимиц си ангажираше Гркинка за асистентка

by fokus

Посредникот на Обединетите нации во разговорите за прашањето на името помеѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц, доби Гркинка за помошничка, во Еленор Деметријадес, велат денеска од Обединетата македонска дијаспора (ОМД).

Како што објаснуваат од ОМД, Деметријадес е назначена од страна на компанијата „Џенерал Атлантик“ од која што Нимиц се пензионира, со што таа им помага и на други поранешни вработени во компанијата кои се во пензија.

ОМД побара објаснување од Нимиц за ова прашање, на што посредникот одговорил дека Деметријадес е назначена од „Џенерал Атлантик“ и оти тој не поставува прашања за етничкото потекло и за религиските убедувања на луѓето кои работат за него.

Поврзани новости