Папандреу: Освен името, Скопје е нашиот природен сојузник

by fokus

Поранешниот премиер на Грција, Јоргос Папандреу, во интервју за грчкиот весник „Етнос“ коментира дека ако се тргне настрана името, тогаш Скопје е природен сојузник на Атина.

-Доколку сегашните околностите дозволат задоволително решение, пошироката геополитичка ситуација е уште една причина да одиме чекор понапред. Скопје, ако се тргне настрана името, е нашиот природен сојузник. Решавањето на проблемот, ќе ни дозволи повторно да ја искористиме нашата стратешка позиција на Балканот, вели Јоргос Папандреу во интервјуто за грчкиот весник „Етнос“, пренесува МИА.

Тој коментира дека во времето додека беше министер за надворешни работи, со неговиот македонски колега Георгиевски биле блиску до решение, а ги споменува и тактичките билатерални средби со Груевски, кога и двајцата беа премиери.

– Со Груевски, имав чувство дека го користи македонското прашање како оправдување за внатрешните проблеми, вели Папандреу.

Поврзани новости