ОМД бара поштенско или електронско гласање во дијаспората

by Фокус

Укинувањето или ограничувањето на правото на глас на граѓаните на Македонија кои живеат надвор од земјата има потенцијал да ја загрози врската помеѓу дијаспората и татковината.

Ова се наведува во еден од заклучоците од студијата насловена „Решавање на институционалните препреки за Македонците кои живеат надвор од Република Македонија“, изработена по нарачка на Обединетата македонска дијаспора.

Во неа се разработува предлогот владата да воведе поштенско или електронско гласање во дијаспората, да отвори повеќе конзулати и да формира министерство за дијаспора.

„Овие реформи се веќе применети и испробани во низа други држави и се силни политички инструменти за зајакнување на демократијата и економијата на една нација“, пишува во студијата.

Поврзани новости