ЕКСКЛУЗИВНО: На плацевите од Водно, Мајбах ќе гради фабрика за производство на наочари!

by lali 10:39
10:39

По набиената агенда на Премиерот со отварање на чешми, канализиации, тениски играчишта, лименки, пликоа и ред други работи што се за отварање во секоја општина или населно место во Македонија, дојде и најавата за вистинска рeална странска инвестиција во Македонија, a не ко онаа од АУДИ што СДСМ ја стопираше во своето време на владеење.

Плацевите на Водно што си ги пикираше Премиерот шетајќи со комбе низ Скопје ќе бидат искористени за изградба на фабрика од страна на Мајбах, светскиот производител на луксузни автомобили и рачно изработени очила за сонце што се продаваат по просечна цена какви што може да се купат во секоја обична продавница за очила за сонце во Скопје. Оваа инвестиција доаѓа по големата побарувачка на македонските граѓани да купат исти такви очила ко што носеше Премиерот на неговиот скромен одмор во Тел Авив.

- Advertisements -

„Сфативме дека Македонија има потреба од очила за сонце, рачно изработени со розеви стакла што секој граѓанин ќе ја види вистината преку нив. Очилата што ќе се произведуваат на Водно ќе бидат наменети само за македонскиот пазар, а во фабриката се планира да се вработат 60 000 луѓе кои ќе ги поминат обуките што ќе си спроведе Владата во наредниот период. Сакаме да изразиме благодарност и до Премиерот на Македонија што го популаризираше нашиот производ затоа што до пред неговото излагање на сонце со нашите наочари, во Македонија немаше човек што знаеше и веруваше дека има „обични“ наочари за сонце што читат од 3000 до 60 000 долари а може да си ги дозволи секој човек со партиска книшка од владеачката партија“, изјави еден од преставниците на Мајбах за Македонија.

Според неофицијалната изборна програма на ВМРО ДПМНЕ, партијата која се бори за мнозинство во парламентот на предвремените избори во април не престанува со ветувања за отварање поволни инсустриски зони таму каде што има место. Дури и државните плацеви што станаа лични сега се жртуваат за доброто на македонските граѓани, истовремено помагајќи и на 60 000 планирани нови работници кои се уште чекаат вработување од времето на СДСМ.

„Оваа голема инвестивција ќе им ги затвори устите на комуњарските и соросоидните платеници и портали кои се обидоа да го втурнат Премиерот во валкана кампања преставувајќи го како човек што троши државни пари да купува скапи очила за сонце. Ваквиот искрен потег на Владата што донесе нови инвестиции во Македонија е доволен доказ и оправдание за Премиерот кој се што купува и троши е само причина да се привлечат нови инвестиции во државата и народот да живее убаво и безгрижно до крајот на своето постоење а и после тоа. Да бидеме искрени, ова е голем проект, многу поголем од проектот Ауди во Македонија. Па ја прашуваме опозицијата – дали ако Ауди влезеше во Македонија во вашето време на владеење, ќе донесеше фабрика за наочари?“ се вели во краткото соопштение на Владата.

Македонија се надева дека овој хуман потег со плацевите ќе биде еден од низата добри мерки на Премиерот па во иднина се верува дека земениот процент од парите за патиштата што ги градат Кинезите во Македонија ќе биде искористен за изградба на нов студентски дом или луксузни бањи каде пензионерите ќе можат да ги користат бесплатно.

11889116_10207328162032561_2020675348_o

Напомена: Вестите се измислени и сатирични и служат како пародија од моменталните збиднувања во државава. Но не ја исклучуваме можноста тие во иднина по некоја случајност да станат реални и точни.

Поврзани новости