ОМ: Снимката е доказ дека Бошкоски е наместен

by Фокус

Обединети за Македонија соопшти дека со индигнација го отфрлаат сценариото на, како што наведува, ИШ продукцијата (Сашо, Горде, Протоѓер, Никола, Емил, Латас).

„Со давање на снимката власта уште еднаш докажа дека целиот процес против преседателот Бошкоски бил смислен и монтиран со цел да заврши во затвор. На снимката нема делови кои се зборувани а каде Бошкоски потенцира дека неговата позиција е хармонизирана национална позииција. Од разговорот на Јанкулоска и Протоѓер се гледа дека ваква снимка власта планирала да ја употреби уште во 2011 година, но тоа го прави сега со давање на нивните медиуми. Обединети за Македонија потсетуваат никогаш и никаде и од позиција на власт нашиот лидер г-дин. Љубе Бошкоски нема да преговара за промена на името Македонија, што ако подобро се погледне тоа неможе да се види нити во ова конструирано видео“, соопшти партијата на Љубе Бошкоски.

Од партијата велат дека ВМРО-ДПМНЕ се квазипатриоти кои не можат да зборуваат за патриотизам.

„Сценариото покажува сериозна паника во редовите, штом се обидува да монтира материјали со нивниот наводен заштитен сведок, некогашен пријател на семејствто Бошкоски, а потоа уценет заштитен сведок, односно агент провокатор, кој подоцна се извинуваше дека бил присилен малку да глуми. Нашиот преседател Љубе Бошкоски ниту имал намера, ниту некогаш ќе го предаде името, ако имал таква намера ќе го направел тоа во 2001 година, наместо да ја брани земјата и да лежи во Хаг 4 години“, се наведува во соопштението.

 

 

Поврзани новости