Партијата на Љубе Бошкоски, Обединети за Македонија, денеска реагираше на одлуката на Судот да не одреди мерка притвор за осомничени во случајот „Титаник“. Од ОМ велат дека законот треба да важи подеднакво за сите.
-Игнорирањето на барањето на СЈО да се изрече мерката притвор за лица осомничени за Злосторничко здружување, зборува дека се нема доволен капацитет да застане на патот на криминалната власт. Без оглед дали се работи за страв или одработување за подарени судијски и функционерски столчиња, согласно тефтерчето на прво осомничената Гордана Јанкуловска, упатува на евентуална и можна директна поврзаност со Злосторничката група, се вели во соопштението на Обединети за Македонија.
Од партијата предлагаат укинување и на притворот за лицата кои сега се во затвор, за дела кои се под нивото за „злосторничкото здружување“ и велат дека не смее да се привилегираат поединци и групи, кои 24/7 работат на штета на сите граѓани и деструктивно делуваат на целокупниот систем и државата.