462
Денешното повлекување на Јавната обвинителка за случајот „Ровер“ јасно ја покажа вистинската основа за монтираниот случај за претседателот на ОМ, Љубе Бошкоски, реагираат од Обединети за Македонија.
-Уште во текот на изминатиот период ОМ укажуваше на постоењето на непобитни факти и докази за местењето на случајот. Очекуваме предметот наскоро да биде превземен од страна на СЈО, како случај во кој нашиот лидер е затворен врз основа на монтиран случај и дека Бошкоски е политички затвореник во Република Македонија, за кој се произнесоа меѓународните организации за човекови права, високи странски државни институции, како и странскиот дипломатски кор во земјава, се вели во соопштението на Обединети за Македонија.