ОМ: Државен испит за функционерите кои се стекнаа со дипломи, откако се на власт

by Фокус

Обединети за Македонија ги подржуваат студентските протести бидејќи државата и иднината остануваат во рацете на младите со независна мисла, наместо на полтронската и партиски послушна младина на власта, која заседнала во институциите. Според нив, државен испит може да има, но за владата, за сите министри и функционери кои преку ноќ во овие години се здобиле со дипломи и со магистерски и докторски звања.

– Наместо од идните студенти, Груевски треба сите свои функционери да ги пушти на државен испит, но и самиот да го полага за да види јавноста како сите тие станаа експерти за брзо време. Државен испит им треба и на сите брзо вработени во Генералниот секретаријат на владата Од една страна се бара дополнителна проверка за интелектулната младина, од друга страна се вработуваат партиски средношколци во владата. Не може да слушаме како илегалната и нелегитимната власт се труди со шегобијните изјави на Груевски да даде друга конотација на протестите. Единствени протести, со исти луѓе од администрацијата знае да организира само оваа власт-дали е за земјоделци, дали верници.. – се наведува во соопштението од ОМ.

Тие ги повикуваат сите политички партии, академици, земјоделци, работници, армија на невработени, иднивидуалци, студенти од другите градови на РМ да застанат зад овој строј на млади интелектуалци.

 

 

Поврзани новости