Оливер Андонов тврди дека е психофизички здрав и деловноспособен

by fokus

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, Оливер Андонов денеска ги демантираше тврдењата на сопственичката на универзитот МИТ дека тој има сериозно психичко нарушување.

-Психофизички сум здрав за да ја извршувам работата, не ми е одземена деловната способност, рече Андонов одговарајќи на новинарско прашање.

Сопственичката на МИТ, Билјана Апостолова, тврдеше дека додека бил професор на нејзиниот универзитет имал боледување со сериозна дијагноза и не можел да ја извршува работата. Според Апостолова, боледувањето било со сериозна дијагноза од специјалист.

Поврзани новости