Бејли: Работиме да се исполни договореното, но на крај тоа е одлука на вашите политичари

by fokus 18:19
18:19

Aмериканскиот амбасадор Џес Бејли синоќа присуствуваше на свеченост по повод доаѓањето на нова група од 50 волонтери на Мировниот корпус во Македонија. Во оваа прилика тој изјави дека заедно со Европската Унија работат на исполнување на тоа што политичките партии го договорија во јули, а го дополнија во август, односно работат се она што е договорено да биде исполнето.

-Но, на крајот од денот, тоа е одлука на вашите политичари, политичките партии и конечно на граѓаните како ќе ги решат овие работи. Има се уште отворени прашања за кои вие треба да одлучите, рече Бејли одговарајќи на новинарско прашање.

- Advertisements -

Коментирајќи ги последните информации во јавноста за повикување на претставници на политички партии од албанскиот блок на средби во американската амбасада, Бејли рече дека луѓето од амбасадата такви средби одржуваат секојдневно.

Поврзани новости