ОЈО не планира да ги повика Муковски и останатите „вратари“, уште биле во предистражна постапка

by fokus

Јавното обвинителство засега не планира да ги повика на распит пратениците на ВМРО-ДПМНЕ Крсто Мукоски и Саше Василевски, за отворањето на вратите на Собранието што му претходеше на насилниот 27-ми април. Обвинителката во предметот Вилма Рускоска телефонски за Алсат изјави дека постапката се уште е во предистражна постапка.

Се уште ја заокружуваме истрагата. Предметот е во предистражна постапка и не можам да ви кажам ништо повеќе. Само сакам да дополнам дека нивното дело сите го виделе, но јас во моментот немам намера да ги повикам. Ќе останам во рамките на предистражната постапка како што предвидува законот“. – изјави Вилма Русковска, обвинителка

Поврзани новости