За еден ден собрани 3.500 потписи против Законот за пушење

by fokus

За еден ден од објавувањето на Петицијата против новите измени за Законот за заштита од пушењето, 3.500 граѓани ја потпишаа.

Новите законски измени предвидуваат во рестораните во кои се служи храна да не биде дозволено пушење, додека сопствениците на кафулињата сами да одлучуваат дали ќе се пуши.

Владата на 19 овој месец на седница требаше да ги разгледува предложените измени и да излезе со став по ова прашање, но одлучиле да немаат мислење и измените ги вратиле во Собранието.

„Владата нa денешната седница одлучи дека нема мислење за предлог-законот за изменување на Законот за заштита од пушењето на предлог на пратеници од Собрание на Република Македонија, и истиот се враќа во собраниска процедура“, пишуваше во соопштението.

Денеска и Министерството за здравство се изјасни против овие законски измени, од каде рекоа дека иако пушењето е личен избор, тоа не е случај кај пасивното пушење.

Поврзани новости