ОЈО: Надлежен обвинител прибрал дел од доказите за случувањата во кумановско Диво Насеље

by Фокус

По два ипол месеци од случувањата во Кумановската населба Диво Насеље, каде загинаа осум припадници на безбедносните сили, конечно се огласи Јавното обвинителство. Од таму информираат дека надлежен обвинител за гонење на организиран криминал и корупција во досегашното расветлување на настанот од девети мај годинава прибрал дел од доказите.

– Обвинителството ја заврши и постапката за идентификација на осомничените која ја спроведуваше преку меѓународна правна помош. Преку меѓународна правна помош е започната и процедурата за екстрадиција на едно од осомничените лица, како и постапка за собирање на докази во предметот. Прибавено е криминалистичко – техничко вештачење на предметите и трагите прибрани од лице место по извршениот увид – се наведува во соопштението од ОЈО.

Во тек било сослушување на сведоци и осомничени во предметот.

Поврзани новости