Двајца загинати во тешка сообраќајка во Тетовско

by Фокус

Двaесетгодишно момче од село Палчиште и две години постаро момче се жртвите на сообраќајната несреќа што утринава околу 4 часот се случила на излезот од тетовското село Палчиште.

Според првичните информации од тетовската полиција, автомобил „БМВ“ со тетовски регистарски таблици загубил контрола и се превртел, при што две лица починале на место на несреќата, а другите две се здобиле со тешки телесни повреди.

Полицијата врши увид на местото на настанот.

Поврзани новости