Приведени двајца за убиството во Куманово

by Фокус 11:04
11:04

Кумановската полиција извести дека се приведени две лица, а повеќе лица се повикани на информативен разговор, за расчистување и документирање на вчерашниот случај во кој едно лице загина, а две се повредени во кафе-бар лоциран на улицата 11 Ноември. Од атму соопштија дека ќе следи соодветна кривична пријава.

Во соопштението се појаснува дека вчера во 15.30 во кафе барот „Шпија Јон“ вербалната расправија помеѓу две групи прераснала во физичка пресметка во која во еден момент е дејствувано со огнено оружје, по што 45- годишниот Џ.Ј го загубил животот.

- Advertisements -

Според информациите од кумановската полиција, две лица 38-годишните, Ш.Р и Г.Д се повредени и поради карактерот на повредите, пренесени се во Ургентен центар во Скопје.

 

Поврзани новости