ОЈО ќе го гони истражителот на СЈО

by fokus

Основното јавно обвинителство отворило постапка против истражителот А.Л. на Специјалното јавно обвинителство затоа што во петокот фотографирал објект за кој имал индиции дека е во сопственост на поранешниот началник на тајната полиција, Сашо Мијалков.

Според Основното јавно обвинителство, лицето бегало и не сакало да се легитимира за постапките и овластувањата кои ги имало, а било повикано на разговор во полициска страница, бидејќи немало судска наредба за снимање.

Истражителот дал изјава дека спроведувал работна задача и поспапувал по наредби на специјалната јавна обвинителка.

 

Поврзани новости