Од Основното јавно обвинителство информираат дека се извршени претреси на три локации и задржани се четири лица, во врска со денешните претреси на Онкологија.
По објавата во дел од медиумите дека денеска е приведен ексдиректорот на Клиниката за онкологија и радиотерапија Нино Васев, од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија потврдија дека се преземаат дејствија по наредба на јавен обвинител и оти сите други информации се неофицијални.
Организацискиот директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија, Халид Матоши денеска во изјава за медиумите потврди дека од Клиниката денеска се приведени три лица меѓу кои и поранешниот директор Нино Васев. Од другите двајца, Матоши вели дека едното е медицинско лице од Онкологија, а другото е вработено.
Информацијата дека од Клиниката за онкологија се приведени три лица ја потврди и директорката на Клиниката, Виолета Клисарова. Таа не ја исклучува можноста дека имало и други претреси.