OJO: Истражна постапка против 16 лица во предметот „Којот“

by fokus

Истражна постапка против 16 лица во предметот „Којот“ беше спроведена по наредба на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје.

Обвинителството во рамките на истрагата побара од надлежниот судија да се определи мерка притвор против 9 лица. Постапката е завршена против 3 лица и им е определна мерка притвор во траење од по 30 дена, а за останатите постапката е во тек, информираат од обвинителството.
Осомничените подолг временски период како група на организиран начин вршеле прифаќање и превоз на мигранти низ Македонија од Грција кон Србија.
При тоа врз мигрантите има извршено и разбојништва на начин што припадници на групата ги пресретнувале мигрантите и лажно им се претставувале како припадници на македонската полиција. Потоа со употреба на сила им ги одземала паричните средства, мобилните телефони и други предмети.

Поврзани новости