388
Истражна постапка против 16 лица во предметот „Којот“ беше спроведена по наредба на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје.
Обвинителството во рамките на истрагата побара од надлежниот судија да се определи мерка притвор против 9 лица. Постапката е завршена против 3 лица и им е определна мерка притвор во траење од по 30 дена, а за останатите постапката е во тек, информираат од обвинителството.
Осомничените подолг временски период како група на организиран начин вршеле прифаќање и превоз на мигранти низ Македонија од Грција кон Србија.
При тоа врз мигрантите има извршено и разбојништва на начин што припадници на групата ги пресретнувале мигрантите и лажно им се претставувале како припадници на македонската полиција. Потоа со употреба на сила им ги одземала паричните средства, мобилните телефони и други предмети.