ОЈО бара притвор за Мексиканецот кој во Ѓорче удри полицаец со лименка во глава

by irena 12:42
12:42

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 31-годишен државјанин на Мексико, осомничен за напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста.

Според Обвинителството, инцидентот се случил на 19 септември за време на манифестацијата „Октобер Фест – звуците на културата“ во паркот „Ѓорче Петров“.

Осомничениот, како што е наведено, физички нападнал полициски службеник кој се обидел да го легитимира.

Тој наводно го удрил полицаецот со лименка пиво во главата, а потоа повторно го нападнал, удирајќи го по рацете додека службеникот се обидувал да го приведе.

Од ОЈО Скопје информираат дека, имајќи предвид дека осомничениот нема пријавен престој во Македонија, јавниот обвинител оценил дека постои опасност од бегство.

Поради тоа, до судијата на претходна постапка е доставен предлог за определување мерка притвор за 31-годишниот осомничен.

Слични вести