Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам побара од општина Охрид да го поништи решението за градба на хотел во туристичката населба „Лагадин“ на источниот брет на Охридското Езеро.
Инспекторатот ја образложува оваа одлука со тоа што спроведните контроли и инспекциски увиди во документацијата покажале повредување на неколку постапки за утврдување на услови за градење, како и во постапката на издавање на одобрението за изградба на хотелскиот комплекс.
-Земајќи ги во предвид извештаите и информациите од коордираниот инспекциски надзор во кои се констатирани повеќе непрaвилности во постапката за утврдување на услови за начинот на градење во село Лагадин – Општина Охрид како и во постапката на издавање на одобрението за изградба на предметниот хотелски комплекс, Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам на Република Македонија до Општина Охрид упати барање со укажување одобрението за градење да се поништи, се вели во известувањето од Министерството за транспорт и врски испратено до граѓанската иницијатива „Охрид СОС“.
Од „Охрид СОС“ ги потсетија институциите кои ги прекршиле законите дека ќе одговараат и за најмалото сторено кривично дело.