Фатиме Фетаи: Израснав во конзервативна средина, се омажив на 17 години, но секогаш верував во своите соништа

by fokus

Обвинителката Фатиме Фетаи имаше обраќање на панел дускусија завчера, а организирана по повод 8 Март, во ЕУ Инфо центарот со наслов „Жените  во јавниот живот” во организација на Democracy Lab.

Таа говореше за конзервативната средина во која израснала и склучениот брак на 17 години, но и како секогаш верувала дека ќе стане врвен правник.

-Родена сум како трето дете во работничко семејство. Во село Неготино, Гостиварско, го поминав детството и основното образование кое траеше пократко, а во средношколските денови во Боговиње, Тетовско, созреав и се заљубив во едни сини очи и се омажив на 17 години. Но и тогаш бев убедена дека можам да станам човек со висок потенцијал. Свесна бев за тешкотиите со кои ќе се соочам во моето образование. Моите родители беа работници кои можеа да ми дадат само вербална поддршка, но бев цврсто определена дека ќе застанам на свои нозе и ќе го постигнам она што го замислував како дете – да станам успешна жена и да оставам некој белег во општествениот живот. Во една таква традиционална конзервативна средина во која, во тоа време, беше срамота жената да вози кола или да носи очила за сонце, знаев дека тешко ќе ми биде да ги остварам моите соништа. Но јас верував дека ќе го остварам она за што копнеев во детството. Одлучив јас да го водам животот и докажав дека и од традиционална средина може да се постигне сонот, рече Фетаи.

 

Поврзани новости