Охриѓанец се веселел дома со 20 гости среде пандемија

by fokus

Охридската полиција поднесе кривична пријава против четириесет и седумгодишен охриѓанец кој на 21 ноември бил затекнат дома со 20 гости.

Полицајците констатирале дека организирал семејна веселба и постапил спротивно на одлуката и препораката за заштита на здравјето на населението од вирусот ковид-19.

Кривичната е за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Поврзани новости