„Фајзер“ ги намалува испораките на вакцини против Ковид-19 за Европа

by fokus

Американската фармацевтска компанија „Фајзер“ денеска потврди дека привремено ќе ги намали испораките на вакцината за коронавирус во Европа, се додека не го зголеми производствениот капацитет на две милијарди дози годишно.

-Привременото намалување на испораките ќе влијае на сите европски земји, изјави портпаролката на „Фајзер“ во Данска, Лајн Федерс.

Во изјава за американски медиуми таа додаде дека „Фајзер“ ќе го зголеми производството во својата фабрика во Пуру, Белгија, поради што ќе биде потребно прилагодување на постројката и процесите во фабриката, за кои се потребни нови тестови за квалитет и одобренија на владата.

-Поради тоа, помали дози на вакцини ќе бидат достапни за европските држави кон крајот на јануари и почетокот на февруари, изјави Федерс.

Поврзани новости