ЕК поддржува воведување европска потврда за вакцинација против Ковид-19

by fokus

ЕУ поддржува воведување потврда за вакцинирање против новиот коронавирус што би била „взаемно призната“. Ова го изјави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

-Медицински е важно да имате потврда за вакцинација. Затоа ја поздравувам иницијативата на грчкиот премиер (Кирјакос Мицотакис) за заемно признат сертификат за вакцинација, изјави таа пред нејзината посета на Лисабон.

Сепак Фон дер Лајен е воздржана околу прашањето дали со тоа ќе му се даде некому приоритет. -Дали тоа ќе даде приоритет или пристап до одредени добра е политичка и правна одлука што треба да се разгледа на европско ниво, додаде фон дер Лајен.

Поврзани новости