436
Синоќа во 05.30 часот на магистралниот пат Охрид-Кичево, патничко возило „Сузуки свифт“, управувано од Ш.Р. (31) од Охрид, излетало од патот и се превртело.
Како што информираше МВР, сопатникот во возилото А.Б. (67) од Охрид се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен и задржан на лекување во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.