Се самоуби момчето на исчезнатата македонска актерка во Холивуд, полицијата се уште трага по Шабани

by Фокус

Во драматична бркотница со полицијата, се самоуби момчето на исчезната македонска студентка по актерство Адеа Шабани во Лос Анџелес.

Според американските медиуми, 33-годишниот Кристофер Спотц си го одзел животот со неколку куршуми откако не успеал да и избега на полицијата во Калифорнија.

Според службените извештаи, пак, Спотц управувал со украдена Тојота за која се претпоставува дека е поврзана со убиството на 25-годишната Македонка Шабани.

Но, приватниот детектив на семејството Шабани не потврдува дали навистина се работи за убиство, туку вели дека потрагата по девојката е се уште активна.

Инаку, Шабани се води за исчезната од 23 февруари, а американските власти нудат награда од 25.000 долари за корисна информација која ќе помогне за пронаоѓање на македонската студентка.

Поврзани новости