436
Полицијата привела едно лице од Охрид за убиството што се случи вчера попладне врз Б.П. (47) во нејзината куќа во охридското село Велгошти.
Како што информираа од МВР, на местото на настанот извршен е криминалистичко-технички увид предводен од Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид, како и полициски екипи од СВР Охрид.
По преземени мерки, синоќа во 21 часот посоченото лице e приведено во Струга, по што ќе бидат преземени понатамошни мерки за целосно расветлување на случајот.