Во стилот на светските ѕвезди: Гостите на свадбата на Ристе Тевдоски замолени да не објавуваат фотографии од младенците

by Фокус

Саксофонистот и поранешен фронтмен на групата ,,Браво бенд’’, Ристе Тевдоски, вчера направи свадбена забава во познат ресторан во Тетово. Негова избраничка е Севде од Кочани, со која неколку години живеел во Америка. Уште пред да започне веселбата, преку микрофонот гостите биле замолени да не објавуваат фотографии од младенците на социјалните мрежи.

Информацијата ни ја потврдија негови пријатели, присутни на забавата, кои и самите биле изненадени од барањето, кое е честа практика на запад, за време на приватни прослави на големи светски ѕвезди од шоу бизнисот. Па, според правилникот на свадбата, дел од нив синоќа на социјалните мрежи објавуваа фотографии од свадбата на кои невестата и младоженецот не се во кадар.

Тевдоски се појави на сцената пред повеќе од десет години, во забавно шоу на Лила Стојановска. Во 2008 година заедно со ,,Браво бенд’’ го промовираа албумот ,,Интро’’, а по една година тој започна соло кариера. Пред неколку години замина во Америка, а набргу по преселбата за медиумите изјави дека сакал да го усоврши кларинетот и се запишал на мастер студии на универзитет во Мичиген. Лани за еден дневен весник изјави дека свири во симфониски оркестар, диригира во црковен хор и има музичко училиште.

-Ристе не сака сензации, затоа и се реши да ја прави свадбата подалеку од очите на јавноста – ни изјавија негови пријатели кои биле дел од гостите на забавата.

Вики Клинчарова

Поврзани новости