Албанец бил приведен при влез во Македонија поради вооружен грабеж во Виена

by Фокус

На Граничниот премин Ќафасан, при влез во Македонија, завчера бил лишен од слобода Д.Л.(41) од Албанија, затоа што за него имало распишана меѓународна потерница од Интерпол-Виена, со цел екстрадиција во Австрија за сторено кривично дело – “вооружен грабеж“.

Од полицијата соопштија дека приведениот веднаш бил изнесен пред Основното јавно обвинителство Струга и бил предаден на Основниот Суд Струга, каде вчера му била одредена мерка екстрадиционен притвор во траење од 30 дена.

Потоа, тој е предаден во Казнено поправната установа “Затвор Охрид“.

Поврзани новости