Охриѓанец бил фатен со прашкаста материја, па нападнал полицаец

by fokus

Момче од Охрид доби кривична пријава поради кривично дело „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“, откако нападнал полицаец.

„СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.С.(20) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 30.07.2019 година околу 23,15 часот, на стадионот Билјанини извори, од полициски службеник биле преземени службени дејствија легитимирање и преглед над пријавениот, при што кај истиот била пронајдена прашкаста материја. По ова, пријавениот физички го нападнал полицискиот службеник“, велат од МВР.

Поврзани новости