Со тешки повреди на главата, набиена лева рака и повреди по целото тело се здоби сопственикот на порталот ОхридСкај, МакБорба, МакедонијаСкај и Вокс Попули ТВ, откако во два по полноќ три лица со метални шипки го нападнаа пред неговиот дом.
Денесовски е примен во болница, каде му е укажана соодветна медицинска помош, пренесе Охрид скај.
Според порталот тој ја повикал полицијата на местото на настанот, но таа одбила да дојде да изврши увид каде неговиот автомобил со кој си отишол дома е преполн со крв од повредите кои му ги нанесоа тепачите, како и да дојде да ги земе снимките од видео надзорот поставен на неговата куќа кој го сними целиот настан.
Полицијата го повика Денесовски лично да посведочи во полициската станица, додека тој не може да стане од болнички кревет.