Ванхауте: Денеска е можен целосен договор на политичките партии

by Фокус 08:55
08:55

Иако политичките партии се блиску до договор сепак денеска ќе мора да се одржи средба на работната група за да се допрецизираат некои отворени прашања. После изборот на уште петмина јавни обвинители постигнат е напредок и околу другите прашања, пред се Законот за Влада, односно министерските овластувања, Анкетната комисија за прислушувањето, но се очекува и дефинирање на законите за пријавувачите и за објавувањето на „бомбите“.

-Работната група ќе се состане во 11 часот и за каков било договор мора согласност од сите четири партии. Во спротивно ќе нема договор, изјавил посредникот Ванхауте за Алсат телевизија.

- Advertisements -

 

Поврзани новости