Охрид ќе го добие својот прв шопинг мол  

by fokus

На површина од 19.000 м2 започна со изградба првиот шопинг центар во Охрид – Охрид Мол. Трговскиот центар ќе се наоѓа до новата автобуска станица, на само 2 километри од центарот на градот. Ќе биде на две нивоа, ќе има подземен  и надворешен паркинг простор, повеќе од 50 локали за реномирани домашни и светски брендови, а ќе нуди и најразлични забавни и актуелни содржини за сите генерации.

Првиот трговски центар во Охрид е македонска инвестиција на компанијата „Делфина Турс“.

„Охрид Мол е проект за кој јас и моите партнери размислувавме подолг период.   Охрид е меѓунајпознатите туристички места во регионот со многу работи што може   да ги понуди, но му недостасува центар од ваков тип каде што жителите и туристите ќе можат да купуваат” – изјави Ерсин Исмаил, инвеститор на Охрид Мол.

Првите официјални закупци кои изнајмија простор во Охрид Мол се грчкиот ланец на супермаркети Веро заедно со Џамбо продавниците.

Изградбата на Охрид Мол е во тек, а отворањето е предвидено за април 2019 година. Вредностана оваа инвестиција изнесува 10 милиони евра и ќе биде од значаен придонес за домашнатаекономија.

Поврзани новости